20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАктерката Стојановска, нејзиниот сопруг и неговиот брат се дел одмрежата за шверц...

Актерката Стојановска, нејзиниот сопруг и неговиот брат се дел одмрежата за шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопје, Канкун, Дубаи, Србија од јуни до декември, преку високо заштитена комуникација се
договарал транспортот на 700 килограми кокаин купен од Колумбија што требало да завршат на европскиот нарко пазар. Американската ДЕА со шпанската и македонската полиција ја расплете мрежата на нарко бизнисот на 6 члена група која требало да наплати 20 милиони евра од продажбата на дрогата.
Актерката Силвија Стојановска е осомничена дека била помагач на нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ, а според истрагата е мозокот на меѓународниот транспорт на дрога. Стојановска е осомничена дека работела по ингеренции на нејзиниот сопруг, кој имал забрана за патување во земјите на ЕУ. Како дел од мрежата бил и братот на Будисављевиќ, резидент на Белгија.
– Откако биле договорени сите детали, на почетокот на декември С.С. по инструкции на нејзиниот партнер В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат и истиот го платила со сопствена кредитна картичка. С.С. во октомври отпатувала во Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг од непознат шпански државјанин да подигне 10.000 евра, најверојатно за криминални активности на оваа мрежа – изјави Оливер Спасовски министер за внатрешен работи. За пратката прекуокеански да стигне од Колумбија до Шпанија на извесен „капетан на борд“ групата му платила 850.000 евра. Дрогата откако стигнала во Мадрид била складирана во
магацин се додека да се најдат купувачи. Братот на Будисављевиќ, шпанската полиција го
уапсила дента кога кокаинот го натовариле во комби за да ја достават до следниот купувач.
Воислав и Стојановска се уапсени во Скопје.
-Првоосомничениот веќе има пресуда за сторено исто такво кривично дело и затоа за него е побарана мерка притвор, додека осомничената е прв пат сторител на кривично дело објасни. Маја Коневска обвинител за гонење организиран криминал и корупција
Покрај братот на Будисављевиќ во Шпанија се уапсени уште две лица. Во криминалниот ланец недостасуваат уште двајца, еден турски и еден грчки државјанин.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...