19.2 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаРазбојниците кои ја орабија НЛБ банка, го запалиле возилото.

Разбојниците кои ја орабија НЛБ банка, го запалиле возилото.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел вектра“ која потоа била запалена, по што побегнале кон селото Крушопек. Полицијата соопшти повеќе информации околу вчерашниот грабеж, во кој банката информирае дека се украдени 8 700 евра.

<

– Вчера во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари. Исто така, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и селото Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон селото Крушопек – соопшти МВР.

Од полициски службеници е констатирано дека станува збор за патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, кое било користено за претходно извршеното разбојништво. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

При вооружениот грабеж што се случи вчера во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, биле се одземени 8.700 евра.Од НЛБ Банка потврдија дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...