15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаИ Шекеринска се сели од Македонија, станува амбасадор во САД?!

И Шекеринска се сели од Македонија, станува амбасадор во САД?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, го напушта бродот на Заев, кој тоне. Албанските медиуми пишуваат дека таа се подготвува да преземе нова задача што ќе ја одалечи од домашната политичка сцена. На Шеќеринска, која е една од клучните фигури на СДСМ во последните 20 години, ќе и биде доверена функцијата амбасадор на Македонија во САД, дознава порталот in7 од високи извори во СДСМ и владиниот кабинет.

<

Со ова се очекува, Шеќеринска да се повлече од сите позиции во партијата предводена од Зоран Заев, оставајќи простор за нови ликови и тоа ќе му обезбеди на лидерот на партијата добра можност да ја освежи партијата и на крајот да го отстрани влијанието на поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски.

Во моментов во рамките на партиските структури, Заев го гледа поранешниот министер за земјоделство и сега генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, како најверодостоен човек, кому му го довери процесот на реструктуирање, кој се чини дека започна и ќе заврши по предвремените избори на 12 април.

Сепак, за да се реализира овој тактички политички потег првично, Заев треба да победи на изборите, во спротивно неговата позиција на чело на партијата нема да биде сигурна.

Планот на Заев со Шеќеринска, не толку одамна, го најави и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на седницата кога се гласаше Техничката влада предводена од Спасовски, во говорот рече дека „еден од членовите на владата се подготвува да преземе важни задачи во странство по изборите“.

извор: Весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...