11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаХелсиншки комитет: Слободно тужете ја државата доколку не ви дава пасоши, ние...

Хелсиншки комитет: Слободно тужете ја државата доколку не ви дава пасоши, ние ќе ве застапуваме бесплатно.

spot_imgspot_img

Македонски граѓани, поради пасошката криза и рестрикциите во издавањето нови патни исправи, се принудени да откажуваат и туристички аранжмани, но и учество на деловни и спортски активности во странство. На таква мака биле ставени една скопјанка, која поради оштетена патна исправа, била принудена да откаже туристички аранжман, како и момче од Скопје, кое сè уште e во неизвесност дали ќе отпатува на спортски настан, затоа што не се знае дали МВР неговото барање за нов пасош ќе го прифати како ургентно.

Владата пред некој ден воведе рестриктивни мерки според кои МВР ќе ги издава последните околу 4.000 преостанати патни исправи, пред да дојде новата пратка од Германија која во земјава треба да стаса кон средината на март. Предност за новите патни исправи ќе имаат само оние со ургентни потреби – медицински или професионални.

Во МВР велат дека повеќе од 16.000 граѓани поднеле барања и се сликале за нов пасош, но има само 3.600 пати обрасци. Пасоши ќе добијат 650 граѓани кои аплицирале во итна постапка. А од останатите предност ќе имаат само оние кои имаат неодложно лекување во странство.

За биометриски пасош секој граѓанин плаќа по 1.500 денари во редовна постапка, а за пасош по итна постапка се плаќа по 4.800 денари.

Во Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека нудат бесплатна правна помош за сите засегнати граѓани кои ќе решат да го тужат МВР, кое според Законот за патни исправи е должно да им обезбеди лични документи на граѓаните, но и да ги обештети оние кои претрпеле материјална штета.

Следната пратка од 100.000 обрасци според договореното со германската компанија „Веридос“, треба да пристигне на 24 март и таа ќе биде последна со старото име на земјава.

Причината за проблемот техничкиот министер Наќе Чулев ја лоцира во лошото планирање на службите. Тој интервенирал кај неговиот претходник Оливер Спасовски, кој сега ја врши функцијата претседател на техничка Влада, но тврди дека не наишол на разбирање.

-Целокупната одговорност за хаосот во кој се наоѓа нашата држава, а чии последици најмногу ги трпат граѓаните ја има Оливер Спасовски, кој бил должен да преземе мерки со кој ќе се спречат овие дејствија. Спасовски четири години не преземал конкретни мерки и активности за долгорочно решавање на проблемот со набавка на обрасците за личните документи и тоа е единствената причината поради која до ден денес не е решен проблем со недостаток на обрасци и издавање на лични документи што ќе предизвика и понатамошни последици – обвини Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи.

Извор: ПлусИнфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...