12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Да не се лажеме, на Албанците името Македонија, и македонскиот јазик...

Пендаровски: Да не се лажеме, на Албанците името Македонија, и македонскиот јазик не им значи

Прашан дали е можна ревизија на Преспанскиот договор, претседателот Пендаровски смета дека е можно, но не е реално.

– Објективно во секоја идна Влада, како и досега, имате значаен албански партнер, на кои да не се лажеме, името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи бидејќи тие не се Македонци и тие би сакале да бидат во обединета Европа. За нив тоа е примарна политичка цел, појасни Пендаровскина Канал 5.

За примената на Преспанскиот договор, шефот на државата порача дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно, за трговската ознака, за што е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

– Се додека тоа не се направи, вие не можете да го присвојувате тоа име, истакна претседателот Пендаровски.

Прашан дали во сите прилики го користи името Северна Македонија, Пендаровски истакна дека го користи во официјални прилики.

извор република

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...