30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Голак одбележана 76 годишнината од Февруарскиот поход

На Голак одбележана 76 годишнината од Февруарскиот поход

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Делчево, 23 февруари 2020 (МИА) – Делчево денес со почит се сеќава на 77 годишнината од Февруарскиот поход и борбените
дејствија на Третата борбена единица која дејствувала на територија на планините Голак, Осогово, Плачковица и Беласица.
Февруарскиот поход, како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, не обврзува со почит да се сеќаваме на еден бурен период во
нашата историја
-Денес е ден кога се сеќаваме со почит на жртвите кои го дале својот живот за слободна и независна и суверена македонска држава.
Аманетот на тие борци не обврзува да сите ние се бориме за да се издигне нашата држава на европско ниво и да ја етаблираме во
европското семејство со сите вредности, рече Трајковски.
Во рамки на настанот денес околу 50 планинари успешно го испешачија патот од Делчево до планината Голак.
-Маршрутата беше долга 10 километри во еден правец. На маршот учествуваа наголем дел млади планинари кои се членови на
младинската секција при нашиот планинарски клуб како и возрасни планинари, како од Делчево така и од околните градови, со што
придонесовме во одбележувањето на овој настан, истакна Љупчо Чучуковски кој беше одговорен за реализирањето на маршот.
Покрај делегација на општината пред спомен плочата посветена на Февруарскиот поход на Голак, свежо цвеќе положија и претставници
на делчевскиот совет на чело со претседателот Драган Маневски, претставници на пензионерите, Организацијата на резервни офицери
на Македонија, планинари како и останати здруженија на граѓани. Реферат за значењето на Февруарскиот поход читаа членови на КУД
,,Гоце Делчев” од Делчево. вс/ац/
Извор: mia.mk

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...