18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаУште еден сомнителен случај се испитува за коронавирус во Скопје

Уште еден сомнителен случај се испитува за коронавирус во Скопје

spot_imgspot_img

На Инфективната клина во Скопје се испитува уште еден сомнителен случај на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Се работи за патник од Дубаи, кој пред шест дена дошол во Скопје. Министерот утрово во изјава за медиумите соопшти дека резултатите за овој пациент ќе бидат готови за два до три часа.

 

„Пред неколку часа е примен еден пациент кој минал шест дена во Дубаи, има симптоми на грип, и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите”, рече Филипче.

 

На Инфективната клиника во Скопје синоќа се изврши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Резултатите се негативни, информираат од Министерството за здравство.

 

„Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое вчера со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот бил ставен во изолација“, информираат од Министерството за здравство.

 

Од вчера Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус.

мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...