6.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаМарија Јаневска: Дали сте свесни што може да ви се случи? дали...

Марија Јаневска: Дали сте свесни што може да ви се случи? дали знаете дека ние сме ограничени со рeспиратори !!!

Знам дека знаете што работам. Не знам колку знаете дека од почеток на месецов работам по 12-15 часа на ден и работното време на сите (не само на мене) од медицинската фела е дуплирано. И покрај тоа што школи не работат, кафичи не работат, претстави нема и се друго е откажано, болниците не само што работат туку и не затвараат. Персоналот се преморува и е под огромен психички и физички стрес, но и покрај тоа сум премногу разочарана од многу мои блиски и познаници.

Да повторам, јас сум РАЗОЧАРАНА од однесувањето на многу мои блиски и познаници. Затоа сакам да им се обратам на сите нив.

Деновиве се повеќе сфаќам колку појма си немате што значи зборот КАРАНТИН. Ако не одите на работа и школо, не значи дека треба ЧОПОРАТИВНО ДА СЕ СОБИРАТЕ кај некого дома во групи од по 10-15 души, да пиете, да се забављате како ова да е школски распуст, а не пандемија.

Карантин значи НЕМАЊЕ КОНТАКТ СО ДРУГ ЧОВЕК.

Пред да продолжите да бидете себични, запомнете неколку работи:

1) Вирусот е опасен бидејќи ги зафаќа белодробните крила и ти наложува да имаш потреба од респиратор неколку недели за да преживееш. НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА АПАРАТ ЗА ДИШЕЊЕ. Дали сте знаеле дека една држава има ограничен број на респиратори? Што кога нема да има повеќе респиратори? Следниот кој има потреба од респиратор, ќе умре.

2) Доколку порасне бројот на заболени (вистината е дека сме само на неколку недели од тоа сценарио, не се надевајте дека ќе поминеме лесно), и доколку се разболе Вашата мајка и млада девојка од 19 години, помош ќе и биде дадена на младата девојка, а не на Вашата мајка. ВАШАТА МАЈКА ЌЕ БИДЕ ОСТАВЕНА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ВИРУСОТ бидејќи државата нема повеќе ресурси (респиратори, болнички кревети и персонал).

Доколку се разболете Вие, во фазата на инкубација можно е вирусот да сте го пренеле на Ваш пријател болен од рак или на вашиот дедо или вашата баба. Вирусот е скоро секогаш фатален за овие групи пациенти (постари пациенти, пациенти со дијабетес, висок крвен притисок, трудници и пациенти со карцицноми). Како ќе живеете со фактот дека ВИЕ сте причината што починал Ваш пријател или Ваш роднина?

Но, што Ви е вас гајле. Вас Ви е досадно дома.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...