25.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОдбележан денот на Единицата за специјални задачи Тигар

Одбележан денот на Единицата за специјални задачи Тигар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од формирањето на Единицата, како формациски, односно организационен дел на нашата полиција, на 13 март 1981 година, па се до денес, генерациите нејзини припадници изградија еден маркантен, професионален историјат, етаблирајќи се како препознатлива и почитувана единица со кадар чијашто храброст и потенцијал и овозможува секогаш да биде подготвена и да одговори на сите поставени работни задачи и предизвици, независно колку биле сложени и специфични, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во обраќањето пред припадниците на Единицата за специјални задачи Тигар на одблежување на денот на единицата.

<

Како министер за внатрешни работи имам огромна почит и благодарност на сите оние припадници на ЕСЗ кои ги дадоа животите на браникот на татковината. Нивната жртва не смее и нема да биде заборавена. За Вас и за сите кои досега го носеле амблемот со „Тигарот“ на нивната униформа и во нивното срце, љубовта кон професијата, кон својата земја, и обврската кон граѓаните биле и се на прво место и ние сме ви бескрајно благодарни за тоа, потенцираше министерот Чулев во обраќањето.

Честитајќи го јубилејот, министерот порача дека секој од нив е свесен за значењето и улогата на ваков вид безбедносна служба, така што мораме и во иднина, континуирано, да вложуваме во развојот и работата на ЕСЗ и не само заради одржување на највисоките Европски и светски стандарди за функционирање на ваков вид на специјални полициски единици, туку и заради безбедноста и спокојот на секој наш граѓанин.

На одбележувањето на денот на ЕСЗ Тигар присуствуваа и Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...

Претседателот на Собранието Гаши е итно хоспитализиран на Клиника !!

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“...

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Благодарение на навремената интервенција на шумочуварите, спречен е уште еден обид за подметнување шумски пожар во тешко пристапен дел од Осоговските Планини, објави дирекоторот...