23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица а...

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица а излекувани 3.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

<

Во текот на прес конференцијата на Министерот за здравство, Венко Филипче, каде беше информирано за 16 новозаболени, Институтот за јавно здавје потврдил уште 2 позитивни пациенти, со што денешната бројка изнесува 18 лица позитивни на коронавирусот.

Со новите податоци, вкупниот број на заразени се искачи на 259 лица.

Од новозаразените најмногу се од Штип каде има 6 пациенти, понатаму Скопје -3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1.

Според местото на живеење, досега најмногу случаи на коронавирус има во Скопје – 145, понатаму Дебар -46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга-5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1.

На Клиниката за инфекнтивни болести во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, со што бројот на починати достигна вкупно шест лица.

Најмладиот починат пациент е на 31-годишна возраст, а најстариот имал 91 година.

Досега целосно се излечени три лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...