6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаСветНе им кажував на моите деца дека работам во комунално за да...

Не им кажував на моите деца дека работам во комунално за да не се срамат од мене.

Чистач на улици чесно си ја работел работата, но на децата никогаш не им кажал со што се занимава бидејќи не сакал да се срамат. Одлучил да им напише писмо, а од овие зборови ќе ви потечат солзи.

-Никогаш на своите деца не им кажав што работам. Не сакав да се срамат од мене. Кога најмалата ќерка ме праша што работам и реков дека сум работник. Пред да дојдам дома се бањам во јавен тоалет за да нема знаци од работата што ја правам.

Сакав моите ќерки да одат во школо да ги образувам. Сакав да бидат достоинствени пред луѓето. Никогаш не сакав некој да ги потценува како што прават со мене.Луѓето секогаш ме понижуваа.

Секој денар кој го заработував го вложував во образованието на своите ќерки. Никогаш не сум купил нова кошула туку парите ги давав за да им купам книги. Почитта е се што сакав да имаат.

Јас сум чистач. Ден пред последниот рок за пријава на ќерка ми на факултет, јас не можев да соберам пари за да плати школарина. Тој ден не можев да работам. Седев како ѓубре обидувајќи се да ги скријам солзите. Не можев да работам. Моите колеги ме гледаа, но никој не кажа ни збор , ниту прозборе со мене.

Бев скршен, со скршено срце и не знаев како ќе им кажам на ќерката дека немам пари за да плати кога се вратам дома. Роден сум сиромав.Верував дека ништо добро не може да му се случи на сиромашен човек. По работно време сите чистачи дојдоа до мене, седнаа покрај мене и ме прашаа дали ги сметам за браќа.

Пред да можам да одговорам, му ја ставија во раце својата дневница.Кога одбив, сите ми кажаа: Ние денес ќе гладуваме колку што е потребно, но нашата ќерка мора да оди на факултет. Не можев да им одговорам. Тој ден не се избањав и си заминав дома како чистач.

Мојата ќерка набрзо ќе заврши факултет.Трите мои ќерки не ми дозволуваат повеќе да работам. Едната работи хонорарно, а трите имаат стипендии. Ќерката која работи оди често со мене на моето работно место и ги храни сите мои колеги и мене. Тие се смеат и ја прашуваат зошто го прави тоа и често ги храни. Таа им вели:

Сите вие тој ден гладувавте за јас да станам она што сум денес, направивте за мене толку многу, што јас можам да ве хранам секој ден. Сега не чувствувам дека сум сиромав, кој и да има такви деца како може да биде тогаш сиромашен – заклучил храбриот човек.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...