14 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Имам убава вест за 30 дена ќе ни пристигнат респираторите

Венко Филипче: Имам убава вест за 30 дена ќе ни пристигнат респираторите

Министерот за здравство информираше дека од девет економски оператори, два ги задоволуваа условите – во однос на рокот и критериумите. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните седум дена, а другите, од вкупно 31, во текот на следните 30 дена.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната редовна прес-конференција информираше дека има 42 оздравени пациенти со два негативни теста на КОВИД-19 кои се во општа добра состојба.

На прес-конференцијата, тој посочи дека во рамките на Министерството за здравство согласно уредбата на Владата завршена е постапката за набавка на респираторни машини.

Министерот информираше дека од девет економски оператори, два ги задоволуваа условите – во однос на рокот и критериумите. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните седум дена, а другите, од вкупно 31, во текот на следните 30 дена.

„Со ова, значајно ќе го дополниме капацитетот на респираторни машини во земјава, пред сѐ во институциите кои се предвидени за лекување на овие пациенти со КОВИД-19 вирусот“, рече Филипче.

Веќе е направен целосен распоред за активност преку матичните лекари во Дебар и околината на Дебар за начинот на скрининг на пациентите со антитела.

„Со оглед на тоа што таму е веќе фаза на епидемијата во којашто немаме новодијагностицирани пациенти сметаме дека ќе биде добар пример за тоа каква е состојбата на населението во смисла на евентуално стекнување на имунитет. И врз основа на тој репрезентативен примерок епидемиолозите ќе прават соодветни анализи и план за понатаму“, потенцираше министерот Филипче.

вечер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...