16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби и Ангелов се договорија : Македонија и Бугарија ќе продолжат да...

Груби и Ангелов се договорија : Македонија и Бугарија ќе продолжат да го имплементираат Договорот за добрососедство

spot_imgspot_img

Македонија и Република Бугарија ќе продолжат посветено да го имплементираат Договорот за добрососедство и да ја зајакнат соработката помеѓу двете земји во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици, истакнаа на денешната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и бугарскиот абасадор, Ангел Ангелов.

Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Северна Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.

„Брзото и успешно затварање на спорот меѓу двете земји беше една од дискутираните теми на оваа средба помеѓу Груби и Ангелов, со цел да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ“, соопштија од Кабинетот на првиот вицепремиер.

Груби на средбата ја истакна посветеноста на Владата на стратешките цели – почитувањето на Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор.

Груби и Ангелов, како што се наведува во соопштението, се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Северна Македонија и Бугарија поставија одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК !!!

За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски...

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата...

Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1. мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до...

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице.. На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на...