22.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридНа ден Велигден, во 1810 година, градот Охрид вака се борел против...

На ден Велигден, во 1810 година, градот Охрид вака се борел против Чумата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Запис за чумата во Охрид во 1810 година и за карантинот воведен од бегот:

<

„Во феруари 1810 година, кога фати во Охрид чумата, прво натежна во куќата Руменческа и сетне се разнесе по сите куќи.

На 25 март се затворија сите варошки порти. Тогаш коџобашијата напрафи тефтер за сите варошки куќи. Господарката тогаш беше во Јанино и бидејќи чумата од ден на ден се повеќе се ширеше, кога господарката си дојде во Охрид, замина за Свети Наум за да види што да стори. Таму седеше осум дни. Одбраните луѓе тогаш напишаа писмо писмо и го пуштија Васил од с… да каже на бегот дека чумата уште коси.

Господарката на самиот ден Велигден дојде во Охрид и побара од варошаните да се веселат. И навистина, Ромеите (христијаните, н.з.) се развеселија. На Долна порта имаше една мала дупка под самата порта, па низ нејзе, сите тие што беа од надвор, земаа се што им требаше од внатре. Во саботата на Велигден (Велика сабота, н.з.) дојде бегот од Јанина и издаде остри повелби и распоредувања, и тоа не само за Ромеите, туку и на Турците: никој да не излегува нљдвор од градот без бегова дозвола.

Тогаш Турците не можеа да одат по селата, ниту по своите чифлизи. Граѓаните не можеа да си купат дрва, а пак селаните печеа леб без сол, зашто бегот постави чувари – да не се мешаат едни со други. Келепурџиите тогаш лошо поминаа, а пак, какви маки се истргаа вантре во градот, не може да се опише.“

Денешен Весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец продавал марихуана.

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски...

(Видео) Пратеник на Влен одбива да говори на македонски јазик.

Испалата на платите на вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се реши кога пратениците ќе дадат зелено светло за Законот за организација...

Арсовска: Утрово добив информација за план за дестабилизација на Скопје, почнуваат со ЈСП и Комунална хигиена

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во нов фејсбук статус обвини дека одредени политички структури подготвуваат план за дестабилизација на главниот град. Таа директно ги...

Скандалозна изјава на владиката Петар: Верниците на Партениј се наркомани, арамии и пијаници.

Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит...