16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР излезе со детали околу собирот во Струга

МВР излезе со детали околу собирот во Струга

spot_imgspot_img

Во врска со верската манифестација ЕРОДИЈА-ЛИТИЈА, што вчера од 15 до 18.30 часот се одржа во Струга а во чест на празникот Свети Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга согласно предвидените безбедносни протоколи ги презеде сите неопходни безбедносни мерки  и постапуваше во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19.

Во пресрет на верската манифестација, ОВР Струга презеде превентивни мерки кои имаа за цел доследно почитување на пропишаните мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга.

На 04.05.2020 година, началникот на ОВР Струга, заедно со други претставници од полициската станица, одржа работен состанок со старешината на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на која на старешината му беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење прописно растојание.

Старешината на црквата, ги запозна полициските претставници дека, навремено ќе информира за сите планирани активности пред и за време на одржувањето на Литијата и нагласи дека бил во постојан контакт со МПЦ-ОА. Исто така, старешината информира дека, во согласност со превентивните мерки, Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето.

Со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан, ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2020 година, изврши физичко покривање на поширокиот  дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ , во чиј двор беше забележана помала група верници кои имаа заштитни маски и беа на соодветно меѓусебно растојание. При движење на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, околу 17.30 часот, полициските службеници забележаа движење и  приклучување на групи верници.

Иако, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на  ситуацијата.

Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО а една од првите задачи е повторно средба со надлежните во црквата „Св.Ѓорѓија“ со цел идентификување на евентуални организатори на непредвиденото и ненајавеното приклучување на групите верници по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во расветлувањето на настанот, целосно е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...