16.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаСВР Тетово ja испитува физичка пресметка помеѓу полицајци и граѓанин.

СВР Тетово ja испитува физичка пресметка помеѓу полицајци и граѓанин.

Тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видео снимка на социјалните мрежи на која се гледа физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.

„Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка“, информираат од СВР Тетово.

Од таму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...