4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати апел до сите викендаши...

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати апел до сите викендаши…

spot_imgspot_img

Општина Охрид тековно ги презема сите мерки кои се во надлежност на Локалната самоуправа за соодветна заштита и превенција од Ковид 19 и постапува според сите мерки и уредби кои ги носи Владата, порача Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, каде викендов има наплив на луѓе од цела држава.

„Кризниот штаб постојано се координира, се спроведуваат сите тековни активности кои се предвидени во локалниот оперативен план за делување. Исто така, постојано се реализираат вонредни мерки за дезинфекција и миење на улиците и јавните површини во градот. Поради карантинските мерки кои се активни во неколку градови во државата, во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнаа голем број гости“, напиша Георгиески на фејсбук.

Тој апелира сите посетители кои во моментот престојуваат во градот да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, односно да носат заштитни маски, да одржуваат потребна дистанца и лична хигиена, да не се организираат семејни собири, да се почитува во целост полицискиот час…

„Упатувам апел и до трговците и угостителите, да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на викендот. Упатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици. Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје“, порача Георгиески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...