24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците слободно ќе може од 1-ви јули да патуваат за Грција.

Македонците слободно ќе може од 1-ви јули да патуваат за Грција.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина..

<

-Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување на рестрикциите за Албанија и Северна Македонија, доколку сè оди добро, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис на денешната прес-конференција во пресрет на туристичката сезона.

Иако во Грција од понеделник официјално започнува туристичката сезона, копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени од 15 до 30 јуни годинава, со исклучок на апсолутно неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена.

Во однос на авионското поврзување, за периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Северна Македонија и Албанија, но само за основни и конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром. На аеродромот во Солун не се дозволени летови од нашата земја, како и од Албанија.

Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...