4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: И следниот премиер ќе биде од СДСМ, ДУИ останува заедно со...

Заев: И следниот премиер ќе биде од СДСМ, ДУИ останува заедно со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

spot_img

Лидерот на СДСМ го оцени како национал-популистички концептот на Али Ахмети за премиер Албанец, додека за ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е партија со централа во Будимпешта и бел дворец во Скопје

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го оцени денеска како национал-популистички концептот на коалициските партнери од ДУИ за прв премиер Албанец во Северна Македонија, при што изрази увереност дека тој ќе се врати на чело на Владата и нагласи дека неговата партија е промотор на концептот „едно општество за сите“.

 

Одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил ултиматумот од ДУИ доколку новата влада не може да се формира без оваа партија, Заев рече дека СДСМ не би прифатил такви ултиматуми, а тоа не треба да го прави ниту ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Секогаш имало преговори меѓу партиите, но не треба да има ултиматуми. СДСМ првпат изнедри мултиетничка коалација во државата и ние сме основоположници на концептот ‘едно општество за сите’. СДСМ е растоварен од предрасуди по која била основа. Ние имаме функционери од сите етнички заедници во земјава. Граѓаните треба да ги гледаме како кадарни, искрени, чесни… а не како припадници на одредени заедници. Затоа би ја посоветувал ДУИ да поработи на тоа да добие и македонски, бошњачки, турски гласови… И ВМРО-ДПМНЕ може да се потруди да добие албански гласови. Но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе останат заедно во опозиција. Со ваков наратив, ДУИ си помага да замине во опозиција, што ќе биде здраво за реформирање на партијата“,изјави Заев на денешната прес-конференција.

За ВМРО-ДПМНЕ тој рече дека е партија со централа во Будимпешта и со бел дворец во Скопје и нагласи дека граѓаните се пред избор меѓу мачното минато и иднина дома. Заев нагласи дека во наредните четири години владата што планира да ја формира по изборите ќе биде фокусирана на домашен терен, со оглед на тоа што во овој мандат обезбеди членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

 

Заев оцени и дека концептот на техничка влада повеќе од проблематичен за граѓаните и државата, отколку што е од полза.

 

„Техничката влада, по две проби во 2016 и 2020 година, навистина покажува дека повеќе е проблем за државата и граѓаните, отколку што е предност. Самата смисла на нејзиното постоење е да спроведе избори. Но за  кај нас се случи кризата со коронавирусот и видовме како еден министер за внатрешни работи знае да направи проблеми со своите изјави, со своите постапки, со своето политиканство, управуван од центар на опозициската партија, само да се искористи тоа за гласови и избори и за ништо друго“,нагласи Заев.

Политичка влада, како што посочи, значи одговорна влада која носи одлуки и одговорност.

„Верувам дека во иднина, доколку постои согласност од сите, ќе го укинеме тој концепт на техничка влада пред изборите и ќе се најдат други алатки како тоа опозијата да биде сигурна дека изборите ќе бидат фер и демократски “,рече Заев

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...