Во врска нападот врз новинарската екипа на ОхридСкај на ден 04-06-2020 година, кога полицискиот службеник В. Б, со метален предмет, на уредникот на Охридскај му нанел тешка телесна повреда, Фрактура на проксимална фаланга на 5 ти Прст на десна шака, а по однесената пријава до Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесена од уредникот на Охридскај Сашо Денеовски, конечно има разврска.
Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, извршил проверки, собрал потребни известувања и извршил увид во документација, при што врз описот на случувањата на настанот и утврдените факти, констатирано е дека полицискиот службеник В.Б имал, некоректен и непрофесионален однос спрема уредникот и новинарката на редакцијата Охрискај…
Од страна на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, доставено е известување до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, а против полицискиот службеник В.Б од страна на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраго и професионални стандарди, поднесена е иницијатива за поднесување на предлог за утврдување на дисциплинската одговорност согласно одредбите на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.
Со ваквиот одговор испратен од страна на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до уредникот на Охридскај Сашо Денеосвски, само се докажува некоректниот и непрофесионалниот однос на УПС В.Б, но и за сите оние од СВР Охрид и ПС од ОН Охрид, кој сакаат и за жал сеуште имаат намера целокупниот случај да го сокријат, а како што и во нивниот билтен од 05-06-2020 година, имаа намера да го оцрнат Охридскај и уредникот Денесовски, наведувајќи во службен билтен, а кој беше лиферуван во медиумите,дека Денесовски го навредувал полицскиот службеник и неовластено го снимал, по што полицискиот службеник „овластено“ му нанел фрактура на десна шака?!
Уредникот на Охридскај Денесовски, против полицискиот службеник и во Основниот Суд Охрид има поднесено Кривична Пријава и покрај тоа што истиот ќе биде гонет и по службена должност.
Редакцијата Охридскај, изразува благодарност до Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за сериозниот пристап кој го имаа према редакцијата и севкупниот немил настан. ПишуваОхрид скај
Извор: Охридскај