16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветВујко си го силувал внукот, ден по роденденот детето се пожалило на...

Вујко си го силувал внукот, ден по роденденот детето се пожалило на болки

spot_imgspot_img

Триесетгодишниот А.П. од Сремски Карловци, град во близина на Нови Сад, Србија, е уапсен под сомнение дека го силувал деветгодишниот внук по семејна забава јавува Република. Полициски извори за српските медиуми откриваат дека вујкото го повел внукот на роденденска забава, по што го силувал. Монструозниот чин се случил ноќта помеѓу 14 и 15 јуни, а детето во моментот е сместено во хранителско семејство.

Кога по роденденот се вратило дома, околу 4 часот по полноќ, детето легнало да спие и спиело подолго од вообичаено. Во текот на денот се однесувало многу чудно, тешко одело, а потоа се пожалило и на болки, по што неговите родители веднаш се обратиле на лекар. Детето било итно пренесено во Институтот за здравствена заштита на деца и млади, каде што му била дадена прва помош и биле констатирани повредите, а случајот е пријавен во полиција.

 

Детето има благ облик на инвалидитет, поточно наглуво е, а со самото тоа има и потешкотии во зборувањето. Но, сепак, доста е способно за комуникација и затоа даде целосен исказ за полицијата во присуство на родителите и на социјален работник, открил извор од новосадската полиција.

Тој додава дека детето посочило што точно се случило, а собрани се и повеќе докази пред вујкото да биде уапсен.

По разговорите со повеќе сведоци кои присуствувале на прославата, како и детална оперативна работа, кругот на осомничени е стеснат. Поради деликатноста на случајот преземени се спрецијални истражни работи со помош на колегите од единицата за форензика, кои го собраа потребниот доказен материјал за анализа. Земени се ДНК-примероци од сите осомничени, брисеви од облеката на детето. За анализа на таквиот материјал е потребно време, а кога резултатите пристигнаа, сè се поклопи со сведоштвата, како и изјавата на самото дете, по што издадовме налог за апсење, објасни извор од новосадската полиција.

 

Детето физички закрепнало, но поради психичките трауми стручните лица од Центарот за социјални работи ќе ја продолжат работата со него. По евалуација на семејната состојба и куќата во која живее, тие одлучиле детето да биде сместено во хранителкско семејство.

Извор Republika.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...