20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаСпецијалното јавно обвинителство од денеска не постои !!!

Специјалното јавно обвинителство од денеска не постои !!!

spot_imgspot_img

Специјалното јавно обвинителство од денеска не постои, но нема никаква измена во распределбата на предметите кај досегашните специјални обвинители. За првпат има ваква невообичаена ситуација, сите овие обвинители да се вратени под Скопско, Кичевско, Радовишко или Кумановско обвинителство, а истовремено, ненапуштајќи ги старите свои предмети од СЈО, да се и под Обвинителството за организиран криминал.

Засега овие бивши специјални обвинители ќе имаат два шефа, тој од матичното обвинителство откај што дошле во Специјалното, и шефицата за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Ситуацијата ќе биде ваква додека не ги завршат обвиненијата што ги застапуваат пред судења, истрагите што ги почнале во СЈО и предистрагите. Или, додека не бидат избрани во ОЈО за организиран криминал, се разбира ако конкурираат и ако добијат мнозинство гласови во Советот на јавни обвинители за да бидат избрани.

Со писмото на Катица Јанева што го напиша од притвор во септември, СЈО на редовното Обвинителство му даде 171 предмет, од кој 22 обвиненија, 19 истраги, 38 финансиски истраги, бројни предистраги.

„Нема промена во веќе направената распределба на обвиненијата, истрагите и предистрагите кај поранешните обвинители од СЈО, што веќе ја направив. Овие обвинители продолжуваат да си ги тераат предметите. Новиот закон за Јавно обвинителство го дозволува тоа“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Државниот обвинител Љубомир Јовески.

Тој вели дека во моментов сите обвинители, како впрочем и целиот правосуден систем и општеството, имаат проблем со обезбедување контакт и присуство со сведоци, осомничени, адвокати, во пандемијата со коронавирус. Некаде е поради страв од зараза, на друго место е поради мерки на самоизолација, а дел од обвинителите со мали деца користат владини мерки за чување, зашто градинките не работат, па затоа има сериозни тешкотии да се води истрага во пандемија со коронавирус.

Јовески вели дека со опаѓањето на бројките на заразени, Обвинителството, исто како и судовите, ќе почнат да работат интензивно и случаите ќе добијат брзина во расветлувањето. Најмногу поради присутната агонија, од една страна кај граѓаните дека правдата е спора, а од друга страна кај обвинетите и осомничените лица кои со месеци се под обвинение или сомневања за кривични дела, вели Јовески.

С. К. ДЕЛЕВСКА sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...