15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридГАЛИЧИЦА - планинска убавица заробена меѓу две езера

ГАЛИЧИЦА – планинска убавица заробена меѓу две езера

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заробени меѓу темносините водени пространства на најголемите туристички атракции во земјава – Охридското и Преспанското Езеро, изронуваат и се возвишуваат џиновските врвови на планината Галичица.

<

Во своите длабоки долови и стрмни падини, надвиснати и заплискувани од езерските води, варовитата убавица Галичица нуди рекреација за вљубениците во природата, предизвици за планинарите, обележани патеки за велосипедистите, стази за скијачите, како и пространи ледини со изобилство на лековити билки.

Параглајдеристите од нејзините високи врвови и видиковци, имаат можност да се спуштаат кон езерското пространство, во чии води со сенката на шумите си поигруваат сончевите зраци. Авантуристите покрај прошетките по непрегледната планина, имаат вистинска можност да ги истражуваат десетината пештери затскриени во планината. Случајната средба со дивиот животински свет на љубителите на ловот, пак, ќе им го крене адреналинот.

Сместена меѓу двете главни туристички атракции во земјава, Галичица нуди единствена можност за истовремен поглед на двете езера и на процепот создаден во мекиот варовник, преку кој водите на Преспанското Езеро се влеваат во Охридското. Во границите на Националниот парк Галичица, кој располага со површина од 22.750 ха има 11 села, каде се уште можат да се посетат стари бачила каде се практикува традиционалниот начин на сточарење.

DCP02489
Паркот започнува над над охридското село Трпејца, каде патот се дели на лево. Низ планината има асфалтирана патека со остри кривини кои водат до планинските врвови кои на момент како да допираат до небото. Високата шума покрај патот одвреме-навреме го затскрива прекрасниот поглед на езерската шир. Границата меѓу езерото и небото е речиси невидлива. Долу остануваат црвените кровови на куќите во Трпејца, џагорот на плажите и вриежот по охридската калдрма. Планинската тишина ви посакува добредојде.

И покрај извонредната местоположба, меѓу двете природни реткости – Охридското и Преспанското Езеро, поради варовникот кој е составен дел на планината, по целиот пат се чувствува недостиг на вода. Затоа еден корисен совет – доколку продолжувате со патешествието низ планината, обезбедете се со доволно количество вода од единствениот извор кај Корита. Тој е обележан со информативна табла и се наоѓа лево од патот. Патеката до ова “диво” излетничко место е проодна и за време на зимата. По кратката пауза во оваа месност, патувањето може да продолжи кон превојот Баба, кој се наоѓа на 1.630 метри надморска височина и е највисоко место на кое минуваат автомобили. Косината која се наоѓа десно од патот, под малото црквиче, е одлично место од кое може да се гледа полетувањето на параглајдери, кои брзо се спуштаат кон езерото.

Галичица изобилува со биолошка разновидност> Таа е мозаик на најразлични растенија,а повеќето од нив се ендемични и реликтни, како на пример мушмулицата која се појавува единствено во оваа планина. Тука можат да се сретнат и голем број диви животни, но дозволен е само лов на диви свињи и кози во ограничен број. Во строго заштитената зона на Стара Галичица, се наоѓа најпривлечниот и највисокиот врв Магаро на надморска височина од 2.275 метри. До него има пет часови напорно пешачење кое се препорачува само на поискусните планинари. Ова место е живеалиште на ретки и загрозени видови птици, како што се златниот орел, белиот и белоглавиот мршојадец и сивиот сокол. Долу десно по Магаро во далечината може да се забележи Стење и стењското блато во Преспа, каде лагуната е повлечена поради недостигот на вода во езерото.

Следната дестинација е планинарската куќа “Асан Џура”, до која може да се стаса и со автомобил. Овој објект нуди освежување и одмор за посетителите, кои потоа можат да одлучат во кој правец ќе ја продолжат прошетката. Има неколку можни дестинации. Патеката што оди налево води кон пештерата Самотска дупка, а другата кон видиковецот Гога од каде може да се ужива во неповторливата глетка на двете езера истовремено. Тура е планирана и до месноста Лако Сигној, на височина од околу 2.000 метри н.в., до каде се пешачи час и половина.
Од планинарскиот дом до пештерата води обележана патека. До неа се стигнува по повеќе од половина час пешачење, а се наоѓа на една стрмнина во шумата. Пештерата од мината година е осветлена и прилагодена за посетителите, а направена е и пристапна патека. За влегување во процепот во карпата, каде температурата е многу пониска од онаа надвор, се препорачливи затворени обувки и виндјакна.

Самотска дупка е најдолгата, од вкупно 12-те пештери на Галичица. Вкупната должина на главниот пештерски канал достигнува 207 метри, додека со споредните канали должината достигнува до 224 метри. Пештерата е широка 6 метри, а височината на таваницата е од 2 до 10 метри. Во неа се застапени украсите “салви”, “драперии” и пештерски бисери. Саматска дупка претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси. Во пештерата доминираат сталактити и пештерски завеси, а се забележува и животински свет, за кој има интерес да се истражи.

АТРАКЦИИ
Прошетка со кајче по Црн Дрим
Она што како атрактивност го нуди Националниот парк Галичица е посетата на изворите на Црн Дрим и прошетка на туристите со кајче. Ова е една од убавините која не треба да пропушти, бидејќи посетата на извориштата кај манастирскиот комплекс Св.Наум е неповторливо доживување. Овој дел изобилува со бујна и зелена вегетација, модрозелена вода и неверојатна свежина. Изворите, кои меѓу другото доаѓаат и од Преспа, формираат езеро длабоко 3,5 метри, во кое се создадени и два мали острови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...