18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветДали историјата се повторува?!- Маски и дистанца против шпанскиот грип

Дали историјата се повторува?!- Маски и дистанца против шпанскиот грип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Целиот свет денес се соочува со пандемија на коронавирус, и за жал, ова е само една во низата невољи кои однесоа многу животи. Историјата се повторува,  на социјалните мрежи кружи новинарски исечок , кој, наводно,настанал во 1918 година, во време кога шпанскиот грип го разори светот. Написот од стар весник, наводно, покажува список на мерки и препораки до граѓаните во борбата против шпанскиот грип, пренесува Радиосараево.ба.

<

Скоро секоја мерка изгледа неверојатно позната.

„Носете маска“, стои во првата препорака од 1918 година.

Измијте ги рацете пред секој оброк, следете ги прописите, избегнувајте гужви, избегнувајте луѓе што киваат и кашлаат, контактирајте со доктор доколку ги забележите првите симптоми…

Сите мерки неодоливо потсетуваат на оние што ги слушаме денес од разни епидемиолошки експерти, но клучно е да се потенцира важноста за носењето маска.

„Не ги игнорирајте стручни совети само затоа што не ги разбирате. Не занемарувајте ги правата на заедницата – следете ги правилата издадени од властите. Немојте да мислите дека имате право на посебни привилегии “, исто така е наведено на овој список.

Од шпанскиот грип починале околу 50 милиони луѓе, но некои веруваат дека тој број би можел да е уште поголем, до 100 милиони.

Списокот на препораки во борбата против пандемијата не се менува веќе 100 години. Дали е тешко да ги почитуваме?

Дневник.ба

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...