12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПовторно багери и камиони во Охридското езеро, но овој пат во Струга...

Повторно багери и камиони во Охридското езеро, но овој пат во Струга !!!!

spot_imgspot_img

Работата на багери и камиони во Охридското езеро кај Струга им го расипа мирот и одморот на многубројните туристи во центарот на градот. Реагираат и хотелиерите и локалните угостители. Сметаат дека активностите за чистење на наталожениот езерски материјал на испустот на реката Црни Дрим, требало да се реализира подоцна, а не сега кога поради топлото време е продолжена туристичката сезона, а следува и продолжен празничен викенд.

„Мислам дека времето на почетокот на копањето е малку згрешено… Не може да лежите на лежалка и да одморате, а да слушате звуци на градежни машини. Кога беше корона вирусот немавме гости, а сега имаме гости кои не се задоволни и ќе треба да си одат“, реагира Крсте Блажески-менаџер на хотел во Струга.

Реагираат и гостите, но и локалните жители.

„…Па, не е пријатно. Прашина, бучава и не се чувствуваш пријатно. Над главата ти поминуваат багери и камиони…“

„Треба да се работи подоцна, но кога веќе почнаа, што можеме ние…“, велат гостите.

„Ова требаше после еден месец да се направи бидејќи сезоната ќе трае уште малку….“, рече еден жител на Струга.

Но, од општина Струга велат – сега е најдоброто време за вакви активности.

„Општина Струга се извинува на граѓаните и посетителите поради овие активности на почетокот од септември, но поради очекуваната дождовна сезона, итноста за чистење на коритото кое не е исчистено од изградбата наваму, овој период се наметнува како единствена и најдобра можност за реализација на овие активности“, наведуваат од општината.

Инаку, хотелиерите и угостителите во Охрид и Струга се надеваат дека стабилното време ќе потрае уште некој викенд за да можат што повеќе да ја надоместат големата финансиска загуба поради коронавирусот.

Мики Трајковски

Извор:Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...