8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЛифтот бил заглавен на 7 ми спарт а тој од 6 ти...

Лифтот бил заглавен на 7 ми спарт а тој од 6 ти спрат ја отворил вратата при што починал на лице место !!!

spot_imgspot_img

Муедин Муртезани го загуби животот паѓајќи во отворот каде се движи кабината на лифтот во зградата каде што работел. Трагедијата се случила околу 8:20 часот, пред да започне работата на фасадата на зградата. Според сведоците, сега загинатиот се обидел да се симне со лифт од седмиот кат, но вратата не се отворала, па се спуштил по скалите до шестиот кат. Таму вратата се отворила и зачекорил внатре без да види дека лифтот го нема. Паднал во отворот и починал. Лифтот всушност бил заглавен на седмиот кат, иако вратата се отворила на шестиот пишува АЛСАТ

Жителите велат дека веќе подолго време имаат проблем со лифтот.

„Не постои можност. Сè мора да биде синхронизирано, автоматизирано. Не можете да ја отворите вратата, а лифтот да не е тука и вие паѓате. Ова е неодговорност на оние што го одржуваат. Јас сум во оваа населба околу 20 години. (Дали имате проблеми со лифтовите?) Како не, лифтовите се катастрофа. Како ќе постигнеме договор со жителите, некој плаќа, некој не, велат – јас сум на приземје, не ми треба лифт, нека плаќаат тие погоре.“

„Еден корумпиран човек гради нешто горе. Ништо тука не работи, ниту советот ништо не функционира. Секој прави што сака!“

Од здружението за лифтови велат дека вратата на лифтот никогаш не треба да се отвора ако лифтот е неисправен и оти одговорноста за денешната трагедија треба да се бара од компанијата што го одржувала, доколку таква постои.

Инаку, во земјава има околу 12.000 лифтови. За 20 проценти од нив нема договор за одржување, а кај оние што имаат договор, во 80% случаите не се вршат задолжителните годишни инспекции. Според здружението, постојат станбени згради кои имаат лифтови кои никогаш не биле проверени, со што се загрозуваат животите на оние што ги користат.

Anesa Salihu ИЗВОР АЛСАТ.ТВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...