16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаСветДендиас: Ќе се обидеме да  ги убедиме граѓаните на Северна дека не...

Дендиас: Ќе се обидеме да  ги убедиме граѓаните на Северна дека не се Македонци

spot_imgspot_img

Преку европскиот тек на Северна Македонија ќе се обидеме да ја убедиме другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија“, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“, давајќи пример во однос на тоа што би можеле во иднина да направат за точките од Договорот од Преспа, за кои тие не се согласуваат, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во интервјуто уште еднаш отфрли секаква можност за промена на Договорот од Преспа, велејќи дека „Грција има конвенционални обврски кон Северна Македонија кои треба да ги исполни“, но објасни што во иднина би можело да се направи.

За членовите што се однесуваат на јазикот и идентитетот, што грчката владејачка партија ги смета за спорни, шефот на грчката дипломатија вели дека да ја имаше тој можноста, како министер за надворешни работи од Нова демократија, да ги води преговорите, ќе ги сменел конкретните две точки заедно со уште една, т.е. како што рече, „можноста правно лице од приватното право да го користи називот македонски без да може да биде спречено“.

– Овие три работи би сакал, да можев да ги сменам. Но, сега се тука. Што можам да направам? Она што можеме да го направиме како земја е преку рамката на европскиот тек на Северна Македонија, да ја убедиме другата страна оти овие работи треба да се користат на конкретен начин и само на тој начин. На пример: од другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија“. Но, ова е процес на спроведување што поминува преку европската перспектива на соседот, на Северна Македонија. Ќе се обидеме да го направиме тоа, но ако ви кажам дека можам да го сменам договорот во целост, или да ги сменам целосно овие два члена, нема да ви ја кажам вистината, штом еднаш е потпишано и ратификувано не е можно. – рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш го повтори ставот дека државата има континуитет, а „ревизионизмот на договорите е опасен за Грција на многу степени“.

– Земјата има конвенционална обврска кон една друга земја. Кон оваа друга земја кон која има конвенционална обврска мора да ги исполни обврските, односно Грција кон Северна Македонија да ги исполни нејзините конвенционални обврски, но, му кажав јасно на Димитров и тие треба апсолутно да се придржуваат до збор, до запирка, до точка, до нивните обврски. – рече министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...