5.9 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаАтиџе бара помош од полицијата или од народот, секојдневно живее во страв...

Атиџе бара помош од полицијата или од народот, секојдневно живее во страв !!!

spot_img

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон за mms.mk изјавила хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова. Таа вели дека повторно има проблеми со соседот, кој со своето семејство исто така се појавува во документарецот.

-Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е по невозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален ама не може тоа така. Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ке купам крава. Му реков зошто го правиш ова. А тј кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката: Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака. Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош..

Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам? Навистина ми е многу тешко. Од кај тој на мене брат, па јас си имам брат. Тој прави проблем и во Дорфулија ама во Бекирлија нема никој јас сум сама со брат ми, кој е болен. Ќе ни направи нешто и никој нема да ни помогне. И луѓето ми даваат поддршка, ме сожалуваат, ми векаат вие ќе си имате многу мака со него. Ама немам кај да бегам, тој ми е сосед и во Бекирлија и во Дорфулија. Јас никому не сум наштетила и од луѓето навистина не сум видела никакво зло, но ова веќе не се трпи. Како да го тужам кога најпрво полицијата не ми помага а јас од каде да најдам пари за на суд,“, раскажала Атиџе низ солзи за mms.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во Небрегово пред 103 г. е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски дејци, писател, поет и научник

На денешен ден, пред 103 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет...

Казни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто е одбиен прием на седуммесечното бебе кое почина

Казна за Детската клиника и директорот Реџеп Мемеди, поради тоа што не издале писмено образложение зошто е одбиено седуммесечното бебе кое почина на 15....

Ѓорѓиевски: Храната во Македонија не е скапа, имаме најевтин леб во Европа

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 кажа дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа...

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе...