13.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаБил Гејтс- Сиромаштијата се зголеми за време на пандемијата, очекувам вакцината да...

Бил Гејтс- Сиромаштијата се зголеми за време на пандемијата, очекувам вакцината да биде готова во 2021

spot_imgspot_img

Пандемијата на коронавирусот запре 20 години напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, според основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Во извештајот објавен денес од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се вели дека сè заостанува скоро во секој показател во нивните обиди да ги исполнат целите на Обединетите нации за одржлив развој со цел да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија е зголемена за седум проценти како резултат на пандемијата.

Покриеноста на вакцините, која го мери функционирањето на здравствените системи, падна на нивото што последен пат беше забележано во 90-тите години на минатиот век, носејќи го светот назад околу 25 години за 25 недели.

Податоците исто така покажуваат дека економските ефекти од пандемијата ги зајакнуваат нееднаквостите, особено кај жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија.

Гејтс за Би-Би-Си изјави дека очекува ефективната вакцина за Ковид-19 да биде готова до почетокот на 2021 година.

– Пандемијата предизвика големи проблеми со дистрибуцијата на храна и ги зголеми цените на храната, додаде Гејтс.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...