15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаМухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравство

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравство

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава „Фокус.

Според нашите информации, се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори.

 

Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Зеќири во март 2006 година беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат остана до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде беше уредник на вестите до септември 2016. Тој по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.

И.М.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...