-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски - За Гоце нема преговарање -Па има ли,поголемо понижување да преговарате...

Мицкоски – За Гоце нема преговарање -Па има ли,поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци биле Бугари само заради некој неспособен политичар

spot_img

За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет.Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во однос на неговиот став за бугарскиот Меморандум и каков е нивниот став како партија, ако дојде до тоа, тоа да е услов за напредокот на државава кон ЕУ, лидерот на опозицијата за целата ситуација го обвинува премиерот Зоран Заев.

-Заев е виновен по многу работи, но во овој случај имаше јасно подадена рака од опозицијата и јас тоа го кажав на онаа прва лидерска средба кога практично зборувавме за предвремените парламентарни избори, тоа беше онаа прва кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените парламентарни избори на 12 април, значи средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот совет кога не добивме јасна препорака за отпочнување на преговори, што сеуште ја немаме, иако е најавувана уште од пред две години, но не се. Уште тогаш реков меморандумот што беше производ на парламентот на нашиот источен сосед да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ние ќе ја оцртаме нашата позиција, заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција позади која што ќе застанат сите сериозни политички партии кои имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ што е изработен во бугарскиот Парламент е документ кој што практично служел за мобилизација за локалните избори кај нашиот источен сосед, вели Мицкоски.

И денеска, дополни, гледаме повторно една груба манипулација со јавноста и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го честуваме како наш, па така е сега.

На прашањето кое решение е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека не треба да се поништува и брише историјата.

-Па сега е така ситуацијата, сега ние го чествуваме Гоце Делчев како Македонец што и е како човекот кој што се борел за оваа современа македонска држава кој е опеан во нашата химна кој што претставува дел од нашиот идентитет. Зошто ние преговараме кога и сега е така, а кај нашиот источен сосед они си го чествуваат како нивен, имаат град Гоце Делчев и т.н. Што е разликата од сегашната реална фактичка ситуација. Зошто ние сега фингираме разговори ако за ова преговараме, и сега е така. Целта не е така, погледајте ја само последната изјава на еден евро пратеник кој доаѓа од редовите на владејачката партија кај нашиот источен сосед и тој ќе ви каже дека не е тоа тоа. Дека според нив ваквиот начин на приоѓање кон ликот и делото на Гоце Делчев претставувало фалшлива југословенска историја. Дека требало да се сменат учебниците дека требало комплетно историјата да се смени практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев како држава да прифатиме дека сме нација која што постои од 45-тата па наваму, наведува Мицкоски.

 

Па има ли, прашува, поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци мојата баба , мојот дедо, мојата прабаба, прадедо кои што загинале борејќи се за Македонија кои што говореле македонски јазик сето тоа да го поништиме и избришеме затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...