13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветРама брзо се предомисли за бришење на границата со Косово: „На тоа...

Рама брзо се предомисли за бришење на границата со Косово: „На тоа би се противеле Белград, Вашингтон и Брисел“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на Албанија Еди Рама кажа дека „Албанија и Косово не можат да одлучат да ја избришат границата бидејќи на тоа би се противеле Белград, Вашингтон и Брисел“, и тоа би го толкувале како „голема Албанија“.

<

По средбата на албанската и косовската влада во Тирана, прашан зошто границата сѐ уште не е тргната, Рама кажа дека такво нешто не може да се случи без регионален договор.

„Грешка која често се прави, а некои други ја направија затоа што не сакаат да сфатат, бидејќи не ги интересира подлабоко, но тоа едноставно им се допаѓа како бајка“, кажа Рама.

Додаде дека тоа се категории на луѓе кои не ја разбираат едноставната врска меѓу ослободување на бариерите меѓу Косово и Албанија и регионалниот „мини Шенген“, како и дека во договорот потпишан во Белата куќа во една од своите точки го вклучува прашањето на „балјанскиот Шенген“.

Истакна дека сите овие години слуша дека границата ќе се избрише, дека на премините нема да има чекање, но дека тоа не се случува.

„Тоа не се случува, а ништо друго не се случува како што треба, бидејќи ако тоа не се случи во регионален контекст, тоа не може да се случи ни во билатерален контекст“, кажа Рама.

Истакна дека тие кои тоа го промовираат или го прават намерно, или не го сфаќаат/

„Албанија и Косово не можат билатерално да одлучат да ја отстранат границата, бидејќи не би се кренал само Белград, туку и Вашингтон и Брисел – првото нешто што ќе го кажат е голема Албанија“, истакна Рама.

Поставувајќи го прашањето – што е тогаш начинот, тој кажа дека „начинот е од свој интерес, во своја корист, а не во корист на другите, да влеземе во тој контекст таму каде што веќе влеговме“.

„Денес разговаравме за отстранување на границата. Можете да бидете сигурни дека не постои начин некој од Белград или од Брисел да дојде и да каже „голема Албанија“, бидејќи веќе влеговме во регионалниот процес“, кажа Рама.

А за обвинувањата дека со „мини Шенгенот“ Србија ќе добие излез на море, тој истакна: „Морето им припаѓа на Албанците, не им припаѓа на Србите, пристаништето им припаѓа на Албанците, не им припаѓа на Србите“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...