5.7 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДали телефонот ве шпиунира - Зборувате за нешто и веднаш реклама

Дали телефонот ве шпиунира – Зборувате за нешто и веднаш реклама

Можеби нè прислушкуваат, но никој нема доказ или одговор дали тоа навистина се прави, ниту пак зошто се појавуваат рекламите. Како и да е, едно е сигурно – Google има голема улога во сето ова.

„Google над 85% од сите приходи ги добива преку рекламирање, што значи дека, како компанија, за нив е убедливо најважно да добијат пари од рекламирање“, вели Драган Варагиќ, советник за апликација за примената на интернетот во бизнис сферата.

За да може Google и сите негови апликации да ви го рекламираат што ве интересира, треба да знаат сè за вас. За тоа нема подобар начин од влегување во приватноста на уредот што ги чува сите наши тајни, што ги вклучува пребарувањата на интернет, пораките што ги разменуваме, фотографиите, па дури и она што го зборуваме.

„Тоа е, од една страна, директно кршење на вашата приватност. Од друга страна, ако ги користите овие услуги, сте дале согласност… Сакате да го користите Gmail бесплатно, сакате да го користите YouTube бесплатно, сакате да го користите Android бесплатно… тие ти ги даваат бесплатно за да ти ги земат податоците“, вели Варагиќ.

Секоја апликација кога се инсталира, или страница до која се пристапува, нуди услови за користење низ кои „претрчуваме“ со поглед и за кои даваме согласност, а не сме ни свесни дека се согласуваме да се користат нашите податоци.

Повеќето апликации го користат софтверот Alfonso за да го користат микрофонот на телефонот за да соберат податоци од она што го зборуваме. За оние кои се плашат да не бидат прислушувани, а не се подготвени за тоа, единственото решение е да престанат да користат одредени услуги и сервиси.

Извор: kajgana.com

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...