26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорка на АД МЕПСО: И кај мене сметката за струја е поскапена,...

Директорка на АД МЕПСО: И кај мене сметката за струја е поскапена, не е само кај вас !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева не верува дека ќе предизвика намалување на потрошувачката на електрична енергија одобреното зголемување на цената на струјата од 11 отсто во делот за пренос на енергијата и порачува дека не можат да побараат намалување на цената заради инвестициските проекти за подобрување на преносната мрежа кои се во тек.

<

Побаравме зголемување на цената за 70 отсто во делот за МЕПСО, а добивме 11 отсто од Регулаторната комисија за енергетика. Нашите пресметки покажуваа дека нашиот дел во просечната сметка за струја ќе се зголеми за 23 денари доколку добиевме покачување од 70 отсто, а сега зголемувањето ќе биде околу пет денари. Не верувам дека тоа ќе влијае на намалување на потрошувачката, рече Шуклева на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека АД МЕПСО учествува со само 4,2 отсто во вкупната цена на електричната енергија.

Во пресметките за цената на струјата ги преставуваме реалните трошоци и приливи на компанијата. За да можеме да правиме инвестиции потребно е да има реална цена на струјата. Во спротивно не може да се прават инвестиции во енергетските компании. Се купува светска опрема и тука цената е иста како што е во Германија. Затоа ние како раководство на компанијата не можеме да отстапиме од нашите барања за цената, затоа што некој од нас ќе побара одговорност зашто не сме ги претставиле реално трошоците, рече Шуклева.

МЕПСО, прецизира, е трговско друштво како и сите останати компании и затоа нема политика во барањето за покачување на цената на електричната енергија.

За да ја пренесе енергијата МЕПСО мора да сработи и затоа не може да побара намалување на цената на струјата, а не дека не сака. Компанијата мора да продолжи да работи, рече Шуклева и нагласи дека во услови на ковид кризата има реално намалување на приходите на компанијата од 10 до 12 отсто заради намалената потрошувачка на електрична енергија.

Посочи дека струјата не е социјална категорија и додаде дека може да се субвенционира со различни пакети од државата, но не и со непризнавање на реалните трошоци на енергетските компании.

Затоа МЕПСО не може, не дека не сака, ние знаеме каква е ситуацијата во државата особено поради ковидот. На сите нас и на мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи. Цело време ја одржуваме преносната мрежа и секоја година треба да се инвестира во неа за да имаме стабилен систем и да не праќаме пенали кон директните потрошувачи кои ги имаме на нашата мрежа доколку не им го испорачаме ветеното во договорот што го имаме за електрична енергија. Старата опрема е недоверлива и затоа правиме напори за да може што побрзо да јас смениме. Покачувањето што го добивме нешто ќе помогне за да ја смениме, но не целосно. Од овие 11 отсто немаме можност да го покриеме тоа што сме го планирале и затоа се трудиме да ги намалиме трошоците на работење колку што можеме. Во моментов ја правиме инвестициската програма за следната година и сега за сега не планираме некои поголеми проекти освен оние што се во фаза на имплементација за да не правиме нови задолжувања, истакна Шуклева.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...