13 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаРечено сторено -Тамара ја истетовира строфата од химната што ја пропушти

Речено сторено -Тамара ја истетовира строфата од химната што ја пропушти

Тамара Тодевска се соочи со низа критики откако на Денот на независноста на САД, пеејќи ја македонската химна, го пропушти делот во кој се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Иако таа редеше низа успеси, меѓу кои и врвниот настап и успех на Евровизија, сепак многумина останаа огорчени од овој чин, од кој сите беа длабоко навредени.

Пејачката на неколку наврати објасни дека грешката била ненамерна и му се извини јавно на македонскиот народ, а откако неодамна вети дека ќе ја истетовира оваа строфа од химната, таа си го исполни ветувањето, со капка надеж дека можеби горчливите зборови упатени кон неа овојпат ќе бидат задржани.

Таа во неодамнешно интервју за Бекстејџ, изјави дека ја боли тоа што луѓето не ѝ верувале дека грешката била ненамерна, а се надева дека тоа еден ден ќе избледи и ќе престанат да ја мразат, бидејќи таа е свесна дека има доволно добро направено за својата земја.

Тамара објави фотки од новата тетоважа:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...