6.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаСветВо време на пандемија дошла на идеја да си го продава мајчиното...

Во време на пандемија дошла на идеја да си го продава мајчиното млеко и направила добра заработила

32- годишната Џули Денис од Флорида дошла до одлична идеја за тоа како да заработи во време на пандемија, кога речиси секое семејство се соочува со финансиски проблем јавува британски Мирор .

Џули е мајка на две деца, која можеби многумина ја осудуваат поради нејзиниот гест, но сепак таа се обидела да заработи. Имено станува збор за бизнис во кој таа го продава сопственото млеко.

Верувале или не, таа од продажбата на сопствено млеко за време на оваа финансиска криза која го зафати целиот свет,  досега има заработено 19.300 евра, објави Мирор.

Таа продава 28 грама млеко за 90 американски центи на семејства чии мајки не можат да имаат природно млеко.

„Не е сè во парите, сакам да им помагам на луѓето кои имаат потреба, но секако она што го заработувам е голем плус за моето семејство и мене“, рече Денис.Имено оваа мајка е вработена како професор во средно училиште, а бидејќи училиштата насекаде низ светот се најпогодени од коронакризата, бидејќи се соочија со принудно распуштање, Денис на оригинален начин успеала да заработи.

Како дошла до оваа идеја?

Бидејќи е сурогат мајка, по шест месеци сфатила дека на детето не му треба млеко, па решила да ја продаде скапоцената течност.

Зошто мајчино млеко наместо адаптирано?

Иако можеби многумина би ја осудиле за ваквата постапка, сепак оние мајки кои не можат да го дојат своето дете попрво се решаваат да купат мајчино млеко од друга доилка, отколку да се одлучат за адаптирано млеко.Тоа е така бидејќи мајчиното млеко не може да се замени со ниту едно друго.

Тоа е најздрава, природна и органскa храна. Мајчиното млеко полесно се вари,тоа е чисто без никакви конзерванси и затоа е најсоодветно за бебето.

Ваквото млеко наспроти адаптираното речиси никогаш не создава грчеви кај  бебиња или пак исипи и запек.

Бебињата кои конзумираат мајчино млеко многу побрзо напреднуваат и добиваат во телесна тежина. Тие од мајчиното млеко примаат антитела кои го зајакнуваат нивниот имунитет и стануваат поотпорни на инфекции

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...