12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветДвајца мажи уапсени откако биле фатени како берат печурки во Чернобил

Двајца мажи уапсени откако биле фатени како берат печурки во Чернобил

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украинската гранична полиција уапсила двајца сограѓани кои одлучиле во заштитената зона околу Чернобил да берат печурки, наводно за лична употреба.

<

Правилото да не се минува границата на заштитената зона во радиус од 30 километри околу нуклеарната електрана Чернобил и денес се почитува, што од страв од радијацијата, што поради украинската државна гранична служба која ја надгледува границата на заштитената зона.

Сепак, постојат луѓе кои се глуви за апелите од властите, иако се знае дека радијацијата во делови обраснати со вегетација е значително поголема. Така двајца Украинци, наводно за лична употреба, во забранетата зона набрале 40 килограми печурки и завршиле во притвор.

Изнесување на предмети, флора и фауна од Чернобил е строго забрането, бидејќи употреба во исхраната на било што што пораснало на загаденото земјиште по хаваријата во нуклеарната електрана во 1986-та година, би можело да предизвика смртни последици. Во Чешка, на пример, и натаму се предупредуваат жителите дека дивите свињи кои мигрираат од тие области не треба да се користат во исхраната поради контаминацијата.

Влегувањето во зоната строго го контролираат украинските власти и незаконски е да се премине границата на заштитената зона од 2.600 километри квадратни без дозвола. Според украинскиот закон, за кршење на оваа забрана предвидени се казни од парична, до три години затвор.

точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...