11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаСтевановиќ: Во просек околу 16 дена трае лекувањето од Ковид кај пациенти...

Стевановиќ: Во просек околу 16 дена трае лекувањето од Ковид кај пациенти со средно тешка клиничка слика

spot_imgspot_img

Прецизно не може да се каже колку време еден пациент се лекува од Ковид, но во просек околу 16 дена трае лекувањето на лице со средно тешка клиничка слика.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека лекувањето на пациентите со тешка клиничка слика трае многу подолго поради последиците што ги остава вирусот.

– Сите ние сме различни и различно реагираме на третманот, но различно реагираме и на инфекцијата и на која било друга болест. Во просек околу 16 дена се лекува една средно тешка клиничка слика на Ковид, а тешките клинички слики се лекуваат многу подолго поради последиците што ги остава инфекцијата. Не ретко нашите пациенти со тешка клиничка слика кои се лекуваат толку долго време, на крајот се многу порано пред нивното испишување или излекување, веќе станати Ковид негативни, но последиците од инфекцијата го прават своето и тие навистина бараат долго време за лекување, рече Стевановиќ.

Во однос на фреквенцијата на прием и испис на пациенти, Стевановиќ рече дека тоа е работа која не може да се предвиди. Потенцира дека максимално рационално се користи секој кревет којшто и е на располагање на Клиниката и оти редовно по исписот на пациентите, се прави задолжителна дезинфекција.

frontline

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дебрца, упати јавна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дрбрца, Златко Силјаноски, упати јавна благодарност  до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!