15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДетската клиника „Козле“ да се преименува во „Трајче Нешковски“, неодамна починатиот лекар

Детската клиника „Козле“ да се преименува во „Трајче Нешковски“, неодамна починатиот лекар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации, наведено е во петицијата.

<

Чувствуваме потреба за покренување иницијатива пред раководните и одговорни органи во државата за преименување на детската болница „Козле” во чест на нашиот колега Д-р Трајче Нешковски, наведуваат од Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС).

„Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем. Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на ковид-19 центарот во Детската болница ‘Козле‘ што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството. Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации“, наведено е во петицијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...