10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЕвротип вложува во македонските спортски клубови, поддршка за ФК Караорман!

Евротип вложува во македонските спортски клубови, поддршка за ФК Караорман!

spot_img

Фудбалскиот клуб Караорман како еден од најстарите спортски колективи во нашата земја, се уште функционира и сезонава има високи цели. Клубот од Струга, кој годинава слави 97 години од своето постоње, има амбициозно раководство и со доведувањето на низа нови имиња во својот состав за сезоната која тукушто започна, ќе се борат за пласман во повисок ранг. За клубот, нивните планови, но и како се справуваат со предизвиците на пандемијата, зборувавме со Марјан Чушкоски.

<
  • Какви се амбициите на клубот оваа сезона?

После 13 години, ФК Караорман влегува со високи амбиции во новата сезона и атак на првото место кое носи и пласман во Втората лига -запад.

  • Новата фудбалска сезона е веќе во тек, како сте задоволни од подготовките пред истата, но и стартот на сезоната?

Подготовките ги започнавме на 6 јули и истите се одвиваа во одлична атмосфера, се беше организирано на високо професионално ниво, нешто што не може да се пофали секоја третолигашка екипа.

  • Како функционира клубот во овој период на пандемија, со какви проблеми се соочувате и како се справувате со истите?

Како во целиот свет, така и кај нас пандемијата го поремети нормалниот тек на живот, што директно влијаеше и на самите спортски екипи. Ние како клуб засега добро се справуваме и сите обврски се навремено подмирени, благодарение на ентузијазмот и поранешните вложувања во инфраструктурата на самиот стадион.

  • Спонзорите се доста важен дел за секој спортски колектив, каква поддршка добивате вие како фудбалски клуб?

Спонзорите се главниот двигател за развој на спортот, па така и кај нас тие претставуваат база за понатамошно растење на клубот. Тука сакаме да изразиме јавна благодарност до спортските обложувалници „Евротип“ кои во нас препознаа партнер за подолгорочна соработка и нивната безрезервна поддршка на нашиот проект ,,Караорман 2023“. Исто така имаме поддршка од неколку локални компании кои несебично застанаа зад клубот.

  • Клубот годинава слави 97 години од своето формирање? Кои се плановите за наредните години?

97-годишното постоење на клубот преставува голема обврска за нас како управа, но и на целиот град кој мора посериозно да застане зад клубот. Клуб во кој продефилирале многу фудбалски имиња и голем број на репрезентативци. Прв чекор е враќање во втората лига, па потоа со наши фудбалери да атакуваме на пласман во првата лига.

Караорман како вистински бренд во македонскиот фудбал ја заслужува поддршката од секој љубител на фудбалот, а спортските обложувалници Евротип ќе продолжат со својот придонес кон понатамошниот развој на клубот на патот кон нивното враќање на местото кое и го заслужуваат, во елитата на македонскиот фудбал.

   

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...