20.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаМедицинските сестри до Филипче: Кого попрво да гледаме – пациентите или учениците?

Медицинските сестри до Филипче: Кого попрво да гледаме – пациентите или учениците?

spot_imgspot_img

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ реагира на последната изјава и предлог – идеја на министерот за здравство Венко Филипче за можно ангажирање на учениците од четврта година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.

Унијата смета дека ваквата идеја не е безбедна за учениците и предупредува оваа идеја да не прерасне во одлука.

„Сметаме дека во еден ваков период кога се носат мерки за зачувување на здравјето на учениците и се препорачува онлајн настава со цел да се намали трансмисијата во училишните клупи не е соодветна идеја малолетни ученици и недоусовршен кадар од средномедицинските училишта да биде впуштен директно во најголемите жаришта на оваа пандемија.

Ние, професионалците од сестринската професија сметаме дека ризикот е многу голем. Во една за нас исклучително тешка ситуација со две медицински сестри на 30 пациенти, ангажман на учениците како помош дополнително би ги отежнало работите, пред сѐ, ризикот и нивната безбедност, и нашата одговорност за нив кои треба да учат – практицираат, а ние треба да ги менторираме. Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски? Ако е ова решение недовршени кадри да нѐ надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни“, се наведува во реакцијата на извршниот одбор на Унијата.

Извор: Плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...