29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЗијадин Села бара оставка од Заев Димитров и Бујар Османи, поради тоа...

Зијадин Села бара оставка од Заев Димитров и Бујар Османи, поради тоа што Северна Македонија доби вето.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, денеска побара оставки од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пренесе ИНА.

<

Тој рече дека бара оставка поради неуспехот на Македонија да почни преговори за членство во Европската унија.

–Денешната прес-конференција е свикана по следниот неуспех на ДУИ и СДСМ за членство во ЕУ. Повеќепати повикувавме земјата да влезе во ЕУ. Но, сега сме пред реалноста каде се соочивме со бугарското вето. Владата Заев-Ахмети не успеа по шести пат да почне преговори со ЕУ, а овој пат тие не успеаја во еден од најважните критериуми како што се добрососедството и регионалната соработка. Тие не успеаја заради измамничката политика на Заев и се соочија со бугарско вето. Заев не може да прави политика во која, каде потпишува договори, а не ги спроведува како што беше Договорот со Бугарија. Одговорните за ова што се случи имаат име и презиме, а тоа се премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, рече претседателот на АА, Зијадин Села.
Лидерот на АА нагласи дека решението на оваа состојба го гледа со формирање на широка Влада и заедно со локалните избори да се одржат и парламентарни избори.

–Договорот за пријателство со Бугарија не успеа. Заев, Османи и Димитров да си дадат оставки. Да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, додаде Села.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...