15.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаШведската принцеза иако не е медицинска сестра доброволно се пријави да помага...

Шведската принцеза иако не е медицинска сестра доброволно се пријави да помага во болниците, нејзината работа ќе биде да чисти и да дезинфецира опрема !!!

spot_imgspot_img

Шведската принцеза Софија, наместо да ужива во сигурноста која ја дава кралската круна, доброволно се ставила во служба на здравствениот систем на оваа скандинавска земја во борбата против корона-пандемијата.
Според известувањето на менаџерскиот тим на болницата “Софијахемет”, со оглед дека по професија не е медицинско лице, принцезата Софија и другите доброволци нема да работат со пациенти, туку ќе дезинфицираат опрема, ќе вршат работи во кујната и ќе чистат. Повторувам, ЌЕ ЧИСТАТ !
Дали ние во Македонија ќе го дочекаме тоа чудо, па тн. “од народот и за народот” политичари, барем еден ден ќе поминат во болниците и ќе им бидат од помош на здравствените работници.
Имајќи во предвид дека во овие изминати 30 години, сите глумци на политичката сцена се декларираа како големи демократи и зборуваа за скандинавски модел на држава, еве им одлична можност да се покажат на дело.
Вашата работа е многу повеќе од тендери, “лапање” на патни трошкови, одвоен живот, патувања и софри на грбот на граѓаните. Вашата работа е да му служите на народот. Ако не знаете како, принцезата Софија ви е совршен пример за тоа !
🇸🇪👑🇸🇪👑🇸🇪

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...