11.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорот Трајкоски: Вирусот е толку распостранет низ Македонија, што веќе ни маски...

Професорот Трајкоски: Вирусот е толку распостранет низ Македонија, што веќе ни маски не помагаат !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски ги повикува здравствените власти веднаш да спроведат целосно затворање, затоа што вирусот е распространет насекаде и веќе никаква заштита не е од помош.

<

„Јасно ми е дека не им е гајле што народот масовно се разболува и умира, само не ми е јасно како не им е страв за нив самите и нивните семејства? Зар немаат ни еден постар во семејството или се толку сигурни дека се недопирливи? Зарем не сфаќаат дека ја преплавија државата со вируси и дека се индиректно одговорни за смртта на 1.400 луѓе? Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот е преголема и доволна е за инфекција дури и преку маски. Не е исто дали во просторијата има еден или десет заразени, со десет пати повеќе заразени и концентрацијата на вируси е десет пати поголема. Зар мислат дека сите што се заразиле се заразиле само поради лично невнимание?

Секое влегување во јавна затворена просторија веќе претставува ризик по здравјето и животот, затоа бараме да нé заштитат со тоа што ќе ги соборат бројките преку итен тотален локдаун, макар краткотраен. Самите повеќе не можеме да се заштитиме, колку и да сакаме“, порача професорот Дејан Трајковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец пијан на трактор го возел својот 12 годишен син изложуваќи го на прелада од ладното време !!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Градиште, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно...

„Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“

Македонија „Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“, велат од Подружницата на Здружение на судии при Суд Тетово Автор: Деск 4NEWS.MK 10/04/2025 14:06 Подружницата...

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...