Жителите на општина Дебрца уште еднаш се изборија за здрава и чиста околина. Нелегалниот насип кој беше поставен кај реката Састеска во месноста Ново Село од страна на компанијата Викторија Инвест денес беше остранет при што реката доби повторно проток.
Доколку насипот останеше , голема беше опасноста од поплави на земјоделските посеви и објектите во близина на реката. Случајот веднаш беше пријавен во општината при што инспекцијата веднаш излезе на терен.