19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСтрушкиот доктор Владимир Кочоски ја загуби битката со Ковид-19.

Струшкиот доктор Владимир Кочоски ја загуби битката со Ковид-19.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струга денеска загуби врвен доктор, кој успеал да се справи со коронавирусот но не и со последиците од него. 60- годишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски две недели се лечел од ковид-19 на скопската Ифективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус. Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите кои ги предизвикал вирусот.

<

„Беше истакнат и ценет лекар, кој несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи. Од цела држава доаѓаа пациенти кај него. Оваа е голема загуба за нас, за медицината, за семејството. Постојано бевме во контакт и беше среќен што го победи вирусот, но за жал не успеа да се избори со последиците од него“, велат неговите колеги.

Д-р Кочоски до пред два месеца беше и раководител на Одделението за хирургија во Струшката болница. Зад себе остави две ќерки за кои медицината е исто така животна определба. Сопругата му починала пред три години од карцином на дојка.

Тој е првата жртва од здравствениот персонал во Струшката болница, од вкупно досега 30-тина заболени медицински лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...