26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаНекој ги променал имињата на фреските во манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Некој ги променал имињата на фреските во манастирот Св.Јоаким Осоговски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ликовите останаа исти, но се променија имињата на светците во манастирот Јоаким Осоговски. Фреските на Цар Урош, Цар Лазар, Крал Милутин и Стефан Дечански биле прекрстени во Цар Владимир Киејевски, Јован Милостив, Цар Константин Велики и Свети Никифор. Промената на имињата на фреските ги забележале од културно-информативниот центар на Србите во Македонија кога минатиот месец организирале екскурзија во манастирот. Веднаш реагирале до Министерството за култура, Владата и претседателот за фреските да се вратат во првобитната состојба, објави Сител.

<

Од Сител не добиле одговор од Министерството за култура. Министерката Стефоска не одговорила на нивните повиците, ниту на пораките.

Фреските се поправени, но останува мистерија кој и зошто ги сменил имињата на светците во манастирот.

Митрополитот Кумановско-осоговски, Григориј во изјава за Религија.мк потврдува дека е направен фалсификат и оти Епархијата ова го забележала уште пред да реагира српската заедница. Но и тој не знае кој ги направил промените и кои се мотивите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...