На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во друштво на десетина други лица, со кои прават пародија на црковен обред.
Видеото изгледа невкусно, особено за припадниците на православната религија. Тие велат дека се навредени и згорзени од видеото на кое се наоѓа и кавадаречкиот градоначалник. Според нив ова е испотценување на верата и православните обичаи.