Многу луѓе кои биле дадени на посвојување во одреден момент во животот сакаат да дознаат од каде потекнуваат и кои се нивните биолошки родители.
Една 22-годишна девојка која веднаш по нејзиното раѓање била посвоена од Американци и однесена во САД сака да ја пронајде својата мајка, која најверојатно е од Куманово.
Алисон Голдин, родена во 1998 година на 7-ми август најверојатно како Елена Митевска, верува дека сѐ уште постои надеж да ја пронајде својата мајка, татко или роднини кои е можно да живеат во Куманово.
Биолошката мајка ја родила на рана возраст од 17 или 18 години и освен овие информации девојчето не знае ништо друго за неа.
Таа се обратила на луѓе на социјалните мрежи во обид да дознае нешто повеќе за нејзиното минато.