15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството Кичеви го произведе првиот македонски трактор- Ролан

Семејството Кичеви го произведе првиот македонски трактор- Ролан

Пишува- Сања Наумовска (Иновативност.мк)

„Ролан“ е првиот македонски бренд на трактори, целосно произведен во Кавадарци, во фабриката на семејството Кичеви. Семејниот бизнис „МФ Јанаки“ постои веќе три децении. Во него три генерации од семејството се занимавале со сервисирање и репарирање на трактори. Последните две години одлучиле сериозно да го прошират бизнисот и своето знаење да го инвестираат во производство на првиот македонски трактор. Иако им ги забавила активностите, сепак, ниту пандемијата на Ковид 19, што трае речиси цела година, не го поколебала семејството упорно да работи на својот план и да истрае во инвестициите. Резултат на тоа се десетици произведени трактори кои веќе се користат на нашите ниви во сите делови од земјава.

„Во 2019 година го направивме прототипот на тракторот што сега го произведуваме и заклучивме дека сме подготвени да стартуваме со производство. Во меѓувреме ја обезбедивме целата документација, прототипот беше тестиран на Машинскиот факултет, Бирото за метеорологија ни издаде број на шасија за да можат купувачите да си ги регистрираат возилата, а во меѓувреме инвестиравме и во нова хала каде го сместивме производството“, вели Наќе Кичев, ексклузивно за Иновативност.

Раскажува дека компанијата ја основал дедо му во 1995 година, кога понудата и побарувачката во областа на резервните делови била на минимално ниво и кога подемот на модернизацијата на авто пазарот на светско ниво земал голем замав. Тие биле меѓу првите во земјава кои што можеле да ги следат тековите и да го задоволат купувачот. Долги години работеле на сервисирање и репарирање на половни трактори и од мала локална продавица ја прошириле дејноста во сервис за продажба и сервисирање на second hand трактори, а сега и на производство.

Целосниот текст прочитајте го овде…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...